МИЦКОСКИ : КАМПАЊАТА НА СДС Е ДИФУЗНА И ПОГРЕШНА

0
39

„Од СДС водат чудна реторика, имаат погрешна порака. Не ги разбирам, ја повторуваат истата грешка на Заев од метларот ако се сеќавате, помеѓу првиот и вториот круг претседателски избори кога метла се даваше на настани. Значи ништо од тогаш не се промени во нивните кампањи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју во подкастот на Плусинфо.

Мицкоски додаде дека од СДС одбраа да бидат во потчинета улога само со цел да си ги задржат фотелјите.

„Пораката во кампањата им е чудна, збунувачка. Метафорични им се спотовите. Од митинг на митинг имаат различна порака“, појасни Мицкоски.

„Тука е и она однесување на претседателскиот кандидат кој што е понастрана од раководството, претпоставувам проценката била дека тој има поголем рејтинг од партијата, па затоа очекувале подобар резултат во првиот круг. Па на бранот на тој подобар резултат нешто да направат во вториот круг. Што мислам дека е целосно погрешно тоа“, рече тој.

Тој посочи дека сам човек тогаш подобро да излезе како независен кандидат, зошто да ја бара поддршката од партијата ако цени дека има поголем рејтинг од партијата.