МИЦКОСКИ : ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДНИ МРАЧНИ И ТЕШКИ ВРЕМИЊА

0
388
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честитам големиот празник свети Климент Охридски, еден од втемелувачите на словенската писменост и основачот на првиот словенски универзитет, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Живееме во едни мрачни времиња, времиња на сиромаштија, апатичност, безнадежност што кај многу луѓе го будат злото и нечовечноста. Аманетот на светиот Климент Охридски и неговото пред се хумано дело, треба да ни биде водилката кон тоа какво општество треба да градиме.

Иако почестен со титула епископ, тој останал обичен и скромен човек кој ги проповедал и живеел според речта божја, кој подавал рака, кој лекувал и спасувал животи, кој го осветлувал патот на цел еден народ.Тоа е примерот кон кој секој од нас треба да се стреми, бидејќи можеме да ги менуваме работите ако имаме силна волја и истрајност, бидејќи верата, волјата и љубовта кон човекот може планини да поместува.

Живееме во тешки времиња, времиња на распад на системот, на морални норми, време кога царува полусветот на криминалот, корупцијата и подземјето. Време кога ликови сеат омраза, а па дури и таа омраза толку им ја затрујува душата, та посегаат по туѓите нешта и туѓите животи – рече Мицкоски.Тој додаде дека деновиве сите се потресени и згрозени од една голема трагедија.

-За жал трагедиите станаа многу чести во Македонија, што е резултат на неказнивоста, неодговорноста и нефункционалноста на системот. Вaквите појави, ваквите франкештајни кои се облекуваат со наметката на патриотизмот, а всушност се кукавици и рекетари се последица и на токсичната атмосфера, на јавните линлови, говорот на омраза кои поминуваат неказнето а се пуштаат од устите на овие луѓе, се шират по медиумите кои во соработка со нив организираат поткасти, се тркаат по бројот на кликови. Печалат пари – рече Мицкоски.