ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : ЌЕ СЕ ВОВЕДУВААТ БРЗИ АНТИГЕНСКИ ТЕСТОВИ ВО УЧИЛИШТАТА

0
882

„Се препорачува трета доза на вакцина на граѓани над 60-годишна возраст и кај здравствените работници“ – ова го истакна првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој потсети дека вчера стигнаа 100 000 вакцини „Фајзер“ и 50 000 од вакцината „Синовак“.

Како што најави министерот, деновиве се очекувало од Данска официјално да ја објави донацијата од 250 000 дози од производителот Џонсон.

На денешната пресконференција, соопшти новина и во однос на образовниот процес во земјата. Имено, во најголем број на училиштата ќе се прави тестирање со брзи антигенски тестови. Подетални информации на темата не можел да сподели, од причина, како што рече, потребно е време да се подготви еден ваков сложен процес.

Инаку, согласно последните информации на надлежните органи, бројот на активни случаи во земјата 12.486, а битката со вирусот досега ја изгубија 6.511 лица.