МИЦКОСКИ Е УБЕДЕН ВО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА НЕ БИ ГО ИЗНЕВЕРИЛЕ И НЕ БИ ГЛАСАЛЕ ЗА ОТВОРАЊЕ НА УСТАВОТ И ВЕРУВА ДЕКА “СОФИЈА МОЖЕ ДА ОТСТАПИ ОД БАРАЊЕТО ЗА ВМЕТНУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ”

0
559

Преговорите не почнаа, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Но, лидерот на партијата која не сака Бугарите да бидат дел од нашиот Устав, тврди дека има сознанија оти Бугарија би можела да се повлече од ова барање.

Доколку дојде до тоа, Мицкоски вели дека тоа би значело прифаќање на преговарачката рамка, а билатералниот договор би станал европски договор. Но, и во случај Софија да не се откаже, Мицкоски е убеден дека измените нема да поминат. Запрашан за изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи – дека измени ќе има, лидерот на македонската опозиција побара да се остави на времето да покаже. Прашањето со преговорите не е завршено, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволат да се случат уставните измени, уверува Мицкоски.

Во однос на идејата за референдум, Мицкоски вели дека на него граѓаните би се изјасниле само дали ја прифаќаат преговарачката рамка од билатералниот договор со Бугарија, но не и за менување на Уставот.

Извор : ТВ21