МИЦКОСКИ ДО МИЦОТАКИС : СО СОСЕДИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ КОНСТРУКТИВНИ И ЌЕ ГРАДИМЕ ДОБРИ ОДНОСИ, НО НЕМА ДА БИДЕМЕ ПОДЛИЗУРКОВЦИ

0
93

„Ќе ме видите заедно со вас на улиците, од Чаир до Тетово, преку Дебар, Струга, Велес, па сѐ до Делчево. Зошто би стравувал? Ерга омнес го користиме. Членот 7 и став 2 од Договорот се многу јасни. Би сакал да ги замолам медиумите во Македонија малку повеќе да посветат внимание во анализа што има нашиот јужен сосед исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирана право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, која е моја татковина каде што сум се родил.

Што направија тие за овие шест години? Ајде да видиме што правеа во минатото? Што требаше ние да добиеме во минатото кога се менуваше знамето и банкнотите? Кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ во 1999 година, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети?“, посочи Мицкоски околу дилемата дали неговиот став ќе предизвика влошување на односите доколку го користи уставното име само кога мора.

„Ако некој мисли дека може да ни земе нешто на сила, треба да мисли што ќе биде потоа“, рече Мицкоски.

Запрашан зошто само се препукува со Мицотакис а не презема никакви дипломатски потези, односно не праќа протестна нота, Мицкоски рече дека сѐ уште се надвор од институциите а откако ќе се формира владата нема да градат споменици, да преименуваат автопати, туку ќе влечат потези во правец на градење добри односи, но како што рече – нема да бидат ни подлизурковци.