МИЦКОСКИ : ДЕНЕШНАТА СРЕДБА СО МАСИТ Е ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ПОУКА НА ПОГРЕШНИТЕ ПОЛИТИКИ ОД МИНАТОТО И ЗАЕДНИЧКИ ДА НАПРАВИМЕ ПРОМЕНИ

0
58

Прес-конференција на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Добар ден и од мене, за мене беше чест и задоволство да бидам овде и да разговараме за ИКТ индустријата практично.

Ценам дека како луѓе кои што пледираат да бидат Влада во Македонија, треба да извлечеме поука на погрешните политики во минатото, и заеднички со луѓето кои што се дел од оваа индустрија, а многу значајна за Македонија, да направиме промени во кои што ќе бидеме сите победници.

Најважно е кога ќе водите политика базирана на искуства, а не политика базирана на чувства сигурно луѓето кои што се во ИКТ индустријата и оваа Комора каде што сме ние денеска МАСИТ Комората има многу поголемо искуство од нас како политичари.

И кога разговараме, разговараме врз основа на искуства и факти. Сепак вие да имате околу 20-тина илјади регистрирани вработени, да имате околу 3.000 правни субјекти, обрт, приходи кои што се годишно повеќе од 1,3 милијарди евра, извоз повеќе од половина милијарда евра, се бројки кои што се значајни, исклучително значајни. Додадената вредност во овој бизнис е огромна, платите и луѓето кои што се дел од овој бизнис се и те како важни за Македонија како држава.

И ценам дека ваков тип на состаноци се многу значајни посебно сега пред почеток на кампањата, една недела сме од прилика пред почеток на кампањата, нешто помалку од една недела е кампањата за парламентарни избори. А, веќе претседателската кампања е во полн ек, втората недела еве започна.

Така што како политичка партија и Коалиција која што пледира утре да ја води Владата и очекуваме ако ги имаме во предвид бројките да ја водиме Владата, цениме дека едно вакво партнерство е задолжително и не само пред избори туку треба и овој процес да биде континуиран. Односно да се среќаваме и да ги надминуваме проблемите. Не смеат луѓето кои што се дел од оваа индустрија, како впрочем и другите бизниси да бидат изненадувани од законски решенија, непредвидливи политики. Тоа што од нас го побараа и разумно и логично е да има предвидливи политики.

Подобро кажете ми велат што планирате однапред за да можеме така ние да си го планираме нашиот бизнис отколку да не изненадувате континуирано како што беше случај изминативе 6 и половина години.

Така што да сумирам исклучително значаен состанок, благодарност до претседателката, благодарност до колегите кои што се тука. И се надевам дека во иднина доколку ние бидеме идна Влада во што веруваме ќе имаме почести средби и една динамична дискусија.