Група научници од САД и Велика Британија создале слика за која велат дека така делфините ги гледаат луѓето со помош на ехо-лоцирање.
Истражувачите од СпикДолфин (SpeakDolphin) од податоците од снимените ехо-локациски звуци на делфините создале дводимензионален принт и го претвориле во тридимензионална слика.
Основачот на СпикДолфин, Џек Касевиц, вели дека тие ја проучувале комуникацијата меѓу делфините над 10 години пред да почнат да ги прават сликите базирани на звук.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ