МИЦКОСКИ ГИ СПОРЕДИ ЗАПАДНИТЕ ДИПЛОМАТИ СО КУЧИЊА КОИ ЛААТ И ТРЕБА ДА СЕ ИГНОРИРААТ?!

0
972
  • И сега замислете вие сте обичен граѓанин, добивате таква порака од ваков политичар (овде мисли на Ирена Јовева) којшто е дел од европскиот парламент, озбилна европска институција, ама пораката е спротивна на мислењето на 85% од македонците и 75% од вкупниот број на граѓани којшто велат дека оваа Влада е неуспешна и дека оваа Влада треба да замине и дека тоа што оваа Влада го прави е погрешно.

    И како утре кога ќе дојдат луѓето од тие институции народот ќе може да им верува на препораките коишто тие ги даваат ако перцепцијата на граѓаните во Македонија е сосема спротивно од пораката којашто доаѓа. Тоа ќе ни биде и на нас како идна Влада да седнеме со граѓаните и да седнеме и да работиме на таа перцепција.

    Колку повеќе вакви пораки, колку повеќе вакви пораки доаѓаат од Бујар Османи, колку повеќе пораки доаѓаат од Бојан Маричиќ, од Стево Пендаровски којшто се спротивни на големото мнозинство на обичните граѓани многу потешко ќе оди процесот.

    Значи ли ова дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека ги споредува западните дипломати со кучиња кои лаат и дека нивните препораки треба да се игнорираат?!