МИЦКОВСКИ СО КРИТИКА ЗА ГРУЕВСКИ: ТОА ШТО ГО СЛУШНАВ ЗА ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО МЕ ЗГРОЗИ!

0
1347

Мицкоски за случајот плацеви на Водно: ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано со тој случај и е реформирано, ги слушнав сведочењата, ако тоа е точно тогаш сум згрозен, жалам што Груевски не е тука да го слушнеме неговото мислење

Во тој случај ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ сме некако поврзани, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и е стожар на интересите на народот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Клик Плус на телевизија 21, за обвинението плацеви на Водно.

За сведочењата во овој случај, Мицкоски рече дека ги прочитал, додавајќи дека доколку е точно тогаш е згрозен, но како што рече жали што Груевски не е овде за да се слушне и неговото мислење во однос на ова обвинение.

Ги читам сведочењата на луѓето кои што сведочат, и ако е тоа точно навистина жалам и сум згрозен, и жалам што не е тука што може да го слушнеме и неговото мислење за сето ова кое што дел од сведоците вчера го изнесоа, рече Мицкоски.

Јас немам потреба да го губам ниту своето време, ниту на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да губи енергија како што велите вие да се амнестира. ВМРО-ДПМНЕ е реформирано, со јасна политичка матрица, ВМРО-ДПМНЕ излезе на неколку изборни циклуси, на последниот изборен циклус на два пати го декласираше политичкиот противник СДСМ.

Тоа се млади, амбициозни и чесни луѓе кои што се фатија за решавање на проблемите во најтешкото, не само за партијата, туку и за државата, и јас сум горд за нив, потенцираше Мицкоски.