МИЦКОВСКИ: ДОКАЗ ДЕКА ЌЕ ПОБЕДИМЕ СЕ УТРИНСКИТЕ ТВ ЕМИСИИ НА КОИ СИТЕ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА

0
1507

Во вечерашното гостување на Канал 5, Христијан Мицкоски беше запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, на што одговори потврдно, велејќи дека „она што го пишува во анкетите како јавно мислење, треба да се преслика и на терен“.

-Да, да, сѐ е планирано тоа што го кажувате (протести и бунт). Еве најавувам ќе повикаме на општествена поддршка. Тоа што го гледаме на анкетите треба да се преслика на терен. Доколку не се преслика, значи не сме ја имале таа поддршка. Но, ја имаме. Доволно е да ги гледаме утринските емисии и ќе видиме дека има незадоволство, рече Мицкоски.