МИТРЕСКИ : УТРЕ ЌЕ ГИ РАСПИШАМ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, СЕ КОНСУЛТИРАМ И ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ

0
244

Претседателот на Собранието, Јован Митрески најави дека утре ќе ги распише претседателските избори што треба да се одржат на 24-ти април (прв круг) и 8-ми мај (втор круг). Тој најави дека ќе ги распише претседателските избори, а се консултирал со собраниските служби дали истовремено да бидат распишани и парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај.

Во интервју за МИА тој вели дека доколку не се распишат истовремено изборите секако би ги почитувал уставните рокови, а тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори.

-Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Се уште не сум донел одлука дали во исти ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, рече Митрески.