МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ИЗЈАВАТА НА АГЕЛЕР – НЕКАЗНИВОСТА НА КРИМИНАЛЦИТЕ Е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО ДРЖАВАТА

0
333

Критиките на американската амбасадорка Анџела Агелер која рече дека малата Вања ја платила цената затоа што криминалците не биле кривично гонети и апсени, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се реални бидејќи како што истакна најголем пропуст е тоа што целиот систем во однос на истрагите судењата и извршувањето на санкциите не е консолидиран и има неказнивост во голем број случаи.

Јас тоа го зборував многу често до сега и кога говорев за неказнивоста на сите оние кои што ја пљачкаа државата,кои што го уништуваа народот во изминатиот период и беа главни во општеството без да носат одговорност и така натаму кога зборував за консолидација на судскиот систем.  Да не ни се случува кога ќе ги приведува Министерството за внатрешни работи и за кратко време ќе ги видиме дома или без одредување на соодветни мерки или неизвршувањето на санкции и така натаму“, вели Оливер Спасовски.

Американската амбасадорка Агелер вчера во интервјуто за Канал 77 рече дека не е време за политизација на овој случај и ги повика институциите да се запрашаат зошто дозволиле криминалци слободно да се движат.

Се работи за криминалци, за кои се знаело дека е криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворани.  Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државава? Ова е трагедија и се надевам се молам дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што треба да направиме сега за да се осигуриме дека вакво нешто никогаш веќе нема да се случи“, вели Анџела Агелер.

Во однос на истрагата за убиството на 14-годишната Вања како и за велешанецот Панче Жежовски, министерот Спасовски вели дека сите работи околу случајот и се што е потребно е доставено до Обвинителството. Во овој случај во притвор со четири лица, а се чека екстрадиција од Турција на првоосомничениот Љупчо Палевски кој таму се обиде да избега.