МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, МЕЏИТИ ЌЕ МЕНУВА ДИРЕКТОРИ НА ДЕЛ ОД КЛИНИКИТЕ

0
445
На денешниот прв брифинг со новинарите, новоименуваниот министер за здравство, Фатмир Меџити најави дека сообраќајниот хаос на Клиничкиот центар, ажурирањето на позитивната листа на лекови и зголемување на платите на здравствените работници ќе му се главните приоритети.

Тој потсети дека и самиот доаѓа од Клиничкиот центар и рече дека како лекар, пред се му се пациентите.Министерот Меџити рече дека мора сите да придонесуваат за подобро здравство. Додаде дека нивен фокус се подобри услови за сите пациенти, не само во главниот град, туку во целата држава.

Меџити рече дека ја има довербата од премиерот Ковачевски и од целата Влада, а напомена дека за него новинарите се многу важен елемент.Нагласи дека со неговиот тим сакаат работите да одат на подобро, па ќе се потрудат да решат се и нема да префрлаат вина на никого.Министерот Меџити најави смени на некои од директорите на клиниките, на Неврологија, на Очна клиника, Ендокринологија, Дерматовенерологија, како и организациските директори на Клиниката на Гинекологија и акушерство и на Онкологија.