Груби вчера беше во центарот на вниманието откако на својот фејсбук-профил објави фотографии на кои тој и неговите сопартијци од ДУИ играат кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем. Дел од „дрим-тимот“ на Груби беа актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.
„Многу ми е интересно затоа што нема амбасадор што не е дојден во мојата канцеларија и нема шутирано фудбал и од тоа се објавени слики. Пред некој ден, на пример, Словакот беше последниот што шутираше и вие објавивте, во порталите беше. Тоа не беше скандал, ова денеска е скандал. Ова е таа хистерија за која зборувам, за двојните стандарди, за селективни правди, за измислување теми само за да се дефокусира со нешто. Значи, дојде градоначалникот на Тирана, дури со пета даде гол“ им укажа денеска Груби на новинарите.На прашањето дали тој како највисок играл центар, вицепремиерот рече: „Јас дриблам” извор: 360Степени