МИЛАНОВ : 2 ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ ЈОРДАНОВ И ДПМНЕ ГИ ИЗНЕВЕРИЈА ГРАЃАНИТЕ НА ШТИП

0
292
Прес-конференција, Јане Миланов, претседател на ОО СДСМ Штип
 
Поминаа две години локална власт од ДПМНЕ и Иван Јорданов како градоначалник на Штип. Билансот од неговото работење е поразителен: Безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма на градоначалникот. За сметка на тоа граѓаните на Штип добија покачување на цените на јавните услуги и тоа:

-историски најголемо  зголемување за 110 % на сметките за собирање смет;

– Зголемување на цената за одржување на градското зеленило за 10 пати;

-Покачување на цената за паркирање во централното градско подрачје за 50 %;

-Покачување на данокот на промет од преку 30 % ;

-Распродажба и крчмење на општинскиот недвижен имот преку продажба на  деловен простор на ЈП  Стипион и ЈП Исар;

Листата на нереализирани проекти кои беа ветени во предизборната програма на Јорданов и требаше веќе да бидат испорачани огромна. Тие остануваат само на хартија и сведочат за лагите и манипулациите на Јорданов и ДПМНЕ. Издвојуваме само дел од нив:

– Нема огромен градски парк со езера, места за спортување и одмор кај Мирјанина црква ниту е решена дивата депонија, а  рокот беше 2022 година;

-Не е продолжен бул.Партизанска  – а рокот беше 2023;

– Не е реконстриурана Бања Кежовица а ветувањето на Јорданов беше до 2022;

– Не е изградено достоинствено место за претстој на улични животни-  рокот беше 2022;

– Нема унапредување на условите во зоолошката градина  –  рокот беше 2022;

– Не е направено уредување на вливот на река Отиња во река Брегалница  –  рок 2022;

– Нема здрав оброк за секое дете:
– Нема униформи за учениците од основно образование – рок 2022;

– Нема набавка на нови компјутери, лаптопи за – рок 2023;

-Нема поставување на подземни контејнери кај големите маркети – рок 2022;

Од друга страна единствени проектите кои во општина Штип се реализираат   се оние со целосно финансирање и поддршка од централниот буџет и Владата на СДСМ. Вкупно : 456 милиони денари,што е во висина на едногодишен основен буџет на општина Штип. Ваква поддршка од централната власт општина Штип немала никогаш.

Јорданов наместо да ги реализира капиталните проекто кои ги има ветено , преку своите секојдневни изјави или се жали, правдајќи се за својата неспособност, или се заканува, подсетувајќи на најмрачните времиња од владеењето на ДПМНЕ, или промовира активности  кои всушност спаѓаат во редот на редовните активности на локалната власт.

Многу ветувања, многу лаги, резултат нула, а   ниту збор за криминалите и скандалите поврзани со неговите најблиски соработници.

Иван Јорданов ги излажа и продолжува да ги лаже Штипјани и ја изневери нивната доверба.