МВР ЌЕ ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ ПО НАВРЕДИТЕ НА СТОЈАНОВ КОЈ НУДЕШЕ 200 ЕВРА ЗА ИДЕНТИТЕТ НА ПОЛИЦАЕЦ

0
474

Македонската полиција во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите мерки во врска со заканите и омаловажувањата на претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, пренесува Канал 5.

Тој синоќа преку Фејсбук нудеше 200 евра за тој што ќе му каже име и презиме за еден од македонските полицајци на граничниот премин „Деве Баир“.

Тој во текот на вчерашниот ден беше присутен на граничниот премин помеѓу Македонија и Бугарија и го снимаше инцидентот и тензијата која изби на ова место.