МВР СПРОВЕДУВА АКЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ПО НАПИСИТЕ ЗА НЕЛЕГАЛНА ПРОДАЖБА НА ЛЕКОВИ

0
427

Клиника за радиотерапија и онкологија / Фото: Слободен печат, Драган Митрески На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција.

Oд Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата. Дел од медиумите веќе објавија дека акцијата следува по објавата на информациите од медиумските натписи дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.