МАРИЧИЌ : НЕВИДЕНО ВО ИСТОРИЈАТА Е ДА ПОНУДИТЕ МИНИСТРИ, А ДАНЕ ГИ ГЛАСАТЕ, ДПМНЕ Е НЕСЕРИОЗНО

0
239

ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и дволични, а веројатно се и уникатен случај во историјата на демократијата кој понудиле министри во некоја Влада, а не гласале односно биле воздржани за таа влада, рече, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

-ДПМНЕ се веројатно уникатен случај во историјата на демократијата да понудите министри во некоја Влада, а да гласате воздржано за таа влада. Секогаш кога ќе почувствуваат дека ќе ги изгубат изборите тие го прават тоа. Зашто ако сите анкети според нив или сите нивни анкети кажуваат дека се во голема предност зашто е тогаш проблем да ја составиме таа техничка Влада, да гласаат за неа како што гласаа пред 4 години и да излеземе на изборите секој со својот концепт, рече Маричиќ.

Тој додаде дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ не само што се несериозни и дволични, на овој начин сакаат да стават дамка на изборите, бидејќи се плашат од нивните резултати.

Тој потенцираше дека СДСМ како предводник на европскиот фронт го соопшти и утврди концептот на тој европски фронт и тоа е победничка формула за следните избори.

-Претседателот  Ковачевски се овласти да разговара со партиите кои се во владината коалиција и оние кои се заинтересирани да учествуваат во тој фронт. Кој се ќе биде во тој фронт и како ќе изгледаат кандидатските листи, тоа допрва треба да утврдува. Но, јас сум сигурен дека тоа победничката формула, рече Маричиќ.