МАРИЧИЌ : НАЈДОЦНА ДО 2030 ЌЕ СТАНЕМЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ

0
588

„Најдоцна до 2030 мислам дека ќе станеме членка на ЕУ и дека имаме навистина сериозна шанса и можност која што треба да ја искористиме да го фатиме сега овој пакет на следно проширување. Првиот нареден момент кога ќе се отвори вратата за нови членки Северна Македонија да биде во новите членки. Тоа е нашата цел и сметаме дека тоа е остварливо во наредните пет-шест години“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

Тој додаде дека веќе немаме разбирање за бескрајното одлагање и дека во седумгодишниот буџет на ЕУ, кој ќе се носи во 2027 година треба да се предвиди дека дел од државите кои преговараат сега, дека ќе бидат членки на ЕУ.

„Јас сум убеден дека по усвојувањето на уставните амандмани Бугарија ќе го изгуби кредибилното право да блокира. Тоа не значи дека во текот на разговорите Бугарија или некоја друга држава не може да извади некои прашања коишто како услови коишто ќе ги бара од нас, но за нас е клучно сето тоа да биде втемелено во европските правила, во европските стандарди, да не биде самоволно барање или еднострано барање или билатерално прашање и ние на тоа ќе инсистираме“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека очекуваме во наредниот период како дополнителна гаранција дека не може да ни се загроззат македонскиот јазик и македонскиот идентитет една голема држава членка на ЕУ да направи политички гест во својот Парламент да усвои еден вид на таква декларација за реафирмација на нашиот јазик и идентитет во контекст на интеграциите во Европа.