МАРИЧИЌ ЗА ИЗЈАВАТА НА ГАБРИЕЛ: ИЗЈАВИ ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ОСВЕН УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ДРУГ УСЛОВ НЕМА

0
350

„ Изјави имало и ќе има и понатаму, но битно е што пишува во заклучоците на Европскиот совет. Во нив пишува дека штом се направат уставните измени веднаш без одлагање и нова политичка одлука, што е многу важно, ќе има втора меѓувладина конференција на која ќе се отвори првиот кластер.

Ние не сме кажале дека тоа нема да се почитува. Тоа ќе биде прашање до крајот на преговорите со ЕУ. Протоколите што се потпишани се спроведуваат и треба да се спроведуваат, но тоа не е услов за отворање на првиот кластер. Единствен услов за отворање се уставните измени и тоа јасно го пишува во заклучоците на европскиот Совет, а секоја друга изјава ја гледам само како политички став“, рече Маричиќ.