МАПА – ЕВЕ КОИ УЛИЦИ ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ ЗА СООБРАЌАЈ УТРЕ И ЗАДУТРЕ ПОРАДИ САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

0
394

Одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ утре и задутре ќе затвори за сообраќај неколку булевари во главниот град. Почнувајќи од утре од 13 часот па сè до завршување на состанокот в четврток, во сила ќе биде посебен сообраќаен режим кој ќе важи за главните сообраќајници околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што ќе се одржува состанокот.

Сообраќајници кои ќе бидат затворени за сообраќај на 29 и 30 ноември
Според соопштението на МВР, затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ кај Владата сè до крстосницата со улица „Љубљанска“ кај ТЦ „Сити мол“.

Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“ на потегот од крстосницата кај „Сити мол“ до крстосницата кај Владата Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата кај „Сити мол“ до крстосницата кај Владата
Овие два дена сообраќај нема да е можен ниту по булеварот „8 Септември“ на потегот од крстосницата со улица „Скупи“ кај Хубо маркет до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“.

Затворен за сообраќај ќе биде булевар „8 Септември“ од крстосницата со улица „Скупи“ до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“
Од МВР додаваат дека во зависност од потребите, овие два дена е можно затворање и на други улици, притоа не прецизирајќи за кои сообраќајници станува збор.

„МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

И јавниот превоз со изменет сообраќаен режим на 29 и 30 ноември
Поради изменетиот режим на сообраќај, со изменет режим од вообичаениот ќе функционира и јавниот превоз во Скопје. В среда автобусите ќе возат вообичаено, согласно важечкиот зимски возен ред, а во четврток ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дел од линиите ќе се движат по изменети траси.

„Почнувајќи од утре, среда (29 ноевмри) од 13 часот, па сè до завршување на Министерскиотсовет на ОБСЕ в четврток (30 ноевмри), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси“,информираат од ЈСП.

Линиите 8 и 15А наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Автобусите со број 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во населбите Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ каде што продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Линиите 18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит-пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (кај Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.