МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД СО УБЕДЛИВИ 3-0 ГО ПОРАЗИ КРИСТАЛ ПАЛАС И СЕ ПЛАСИРА ВО ОСМИНАФИНАЛЕ ОД ЛИГА КУПОТ НА АНГЛИЈА

0
333

Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето од Лига Купот на Англија откако со убедливи 3-0 го совлада Кристал Палас.

Момците на Тен Хаг конечно одиграа натпревар на високо ниво и додоа до победа која може да влијае позитивно на нивната самодоверба за предизвиците во Премиерлигата.

На денешниот меч Гарначо и Касемиро постигнаа голови во првото полувреме, Марсијал погоди во вториот дел за конечни 3-0.

Во другите мечеви од Лига Купот кои се играа вечерва постигнати се следниве резултати: Салфорд – Барнли 0:4, Порт Вејл – Сатон 2:1, Питербороу 2:2 (3:1 пен), Ипсвич – Вулвс 3:2, Екстер – Лутон 1:0, Брадфорд – Мидлсброу 0:2.