МАКЕДОНЕЦ ЗАСТРЕЛА ЖЕНА ОД СРБИЈА КАЈ ПРЕШЕВО, ПА СЕ САМОУБИ, ОБЈАВИ РТС

0
288

Во пукање во близина на наплатната рампа во Прешево, тешко ранета е млада жена, а мажот кој пукал во неа се самоубил. Таа потоа од здравствениот дом во Врање била пренесена во Ниш и била оперирана во Ургентниот центар.

Како што објави РТС од Вишото јавно обвинителство Врање, мажот (1972) е државјанин на Северна Македонија, а жената е од Србија (1994).

Тие биле заедно во автомобилот, а по кратка расправија жената излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот испукал неколку куршуми кон неа, а потоа си пукал во глава.

Тешко ранетата жена била пренесена во Здравствениот дом во Врање, а потоа во придружба на Брза помош во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

По прегледот, констатирани се повреди на душникот, вратни пршлени и инклузија на воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна.

На пациентката итно и била укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар Ниш.