ОСТРИ ТЕНЗИИ МЕЃУ ДУИ И БЕСА ЗА ПРЕВЛАСТ ВО АЛБАНСКИТЕ СРЕДИНИ, АКАДЕМИК БЕЏЕТИ: НЕМА ПОНУДА ОД СДСМ ЗА ДА БИДАМ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВО

0
847

Академик Абдулменаф Беџети денес ги негираше шпекулациите дека разговарал со СДСМ за да се кандидира во Тетово за градоначалник.

“Ништо реално, само шпекулации за кликови. Пред една година не ја прифатив сериозната понуда за премиер, а камоли за комунални услуги” – рече тој.

Некои медиуми шпекулираа за можните кандидатити за претстојните локални избори во средините каде мнозинско население се Албанци. Се пишуваше и дека коалицискиот партнер на СДСМ на парламентарните избори, Беса се заканува со политичка и со владина криза ако СДСМ реши во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Чаир во првиот круг да застане зад кандидатите предложени од ДУИ.