МАЗНЕВА БАРА ДА РАБОТАТ, А РАБОТНИЦИТЕ Ѝ ПОБАРАА ОСТАВКА ПРЕД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СЕ РАСПОРЕДИЈА И СПЕЦИЈАЛЦИ

0
514

Работниците од 7 јули протестираат во знак на револт кон раководството поради отпуштените работници, а истовремено бараат зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Тензично е и вечерва пред Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Вработените кои протестираат ја пречекаа директорката Косана Мазнева со скандирање „Оставка, оставка!“.

Таа ги праша дали вечерва планираат да работат, но наместо одговор тие ѝ скандираа. „Оставка, оставка”.

Во претпријатието дојде и засилување на полицијата од специјалци.Работниците не дозволуваат камионите да излезат од претпријатието, а диркеторката бара тие да работат и в понеделник да ги продолжат разговорите околу нивните барања.

Работниците од 7 јули протестираат во знак на револт кон раководството поради отпуштените работници, а истовремено бараат зголемување на платите од 30 %, К-15 и бенефициран стаж.Тие денеска добија поддршка и од Сојузот на синдикатите.Во меѓувреме градоначалниците од повеќе скопски општини се организираа самите да го исчистат сметот.Вечерва се состана и Кризниот штаб на Град Скопје.