МАЖ ОД ПЕПЕЛИШТЕ ПРИРЕДИЛ ОГНОМЕТ ВО НЕГОТИНО, МУ СЕ ЗАКАНУВА ПАРИЧНА КАЗНА!

0
311

Маж од неготинското село Пепелиште, синоќа бил затекнат од страна на полициски службеници пред угостителски локал во Неготино, додека приредувал огномет. Како што информираат од СВР Велес, тој неовластено го приредувал огнометот, односно истиот не бил пријавен во полиција, па поради тоа против него ќе била поднесена соодветна пријава.

Огномет може да се најде на многу продажни места во земјава, но она кое е помалку познато на пошироката јавност е дека постои законска регулатива, доколку се приредува огномет, истиот треба да биде пријавен во полициксите станици.При пријавување на огномети, потребно е да се наведе времето, местото и бројот на пиротехнички средтсва што се планира да се употребат, согласно член 39 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

– На 11.02.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го затекнале Д.З.(32) од село Пепелиште, неготинско, кој пред угостителски објект во Неготино употребил пиротехнички средства, односно неовластено приредил огномет. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од СВР Велес за настанот.

Инаку, според закон, со парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност се санкционираат сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети, факелијади или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива.