Шилегов: Директорите на училиштата да не влегуваат во сценаријата на Груевски, ќе има одговорност!

0
1042

Прес конференција,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 20.03.2017

Се обраќаме до директорите, професорите и наставниците, бидејки загрижени родители јавуваат дека има наредба во училиштата, нивните деца утре да се изнесат на националистичките протести на коишто се шири меѓуетничка омраза:

Веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели! Ќе има сериозна одговорност за секој кој ќе прекине настава за да носи деца на протести, со што ја загрозува и нивната безбедност и безбедноста на граѓаните!

Директорите на средните училишта кои добиле наредба од раководството на ВМРО-ДПМНЕ утре да ја прекинат наставата и да ги носат децата на партиските протести, должни се, да се спротивстават!

Груевски ги повлекува директорите на училиштата и наставниот кадар да кршат закон и ги вовлекува во кривични дела! Апелираме, професорите и наставниците да не влегуваат во хистеријата што ја наметнува Груевски, во којашто инволвира и деца! Советите на родители и наставници да не стојат настрана од потезите на инструираните директори, туку да преземат мерки за заштита на учениците!

Повикуваме сите граѓани да останат мирни. Да не влегуваат во сценаријата на Груевски за уништување и распад на Македонија.

Целата домашна и меѓународна јавност вчера ја виде вистинската намера на Груевски, кој е во огромна паника од промените што се ближат, затоа што тие носат нова реформска Влада, но и правда и одговорност за десетгодишните криминали и злоупотреби на граѓаните.

Нема да му успее на Груевски да ја нема Македонија, како што тој вчера изјави.
Држава ќе има, криминали ќе нема!
Амнестија за криминалите ќе нема!
Груевски ја создаде политичката криза, ја претвори Македонија во режим и наштети на интересите на граѓаните. Тој не може да биде дел од решението за Македонија.

СДСМ веќе го објави единствениот документ којшто е во интерес на Македонија и граѓаните, а тоа е програмата на новата реформска Влада. Ќе има и нова реформска Влада којашто ќе им овозможи квалитетен, заеднички и безбеден живот во Македонија. Груевски и Иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта!