ЛОГА : ПОСТАПКАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЧО ЌЕ ТЕЧЕ ЕКСПРЕСНО

0
713
Нема да се одолговлекува, туку ќе се забрза постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерот за правда, Кренар Лога за „Скопје1“ посочува дека веќе изутрина, службите ќе работат на овој случај.

„Од почетокот на работното време, ќе ја започнеме соодветната постапка. Уште вечерва контактиравме со вработените во одделението“, посочува Лога за „Скопје1“.

Постапката тече така што Министерството за внатрешни работи известува дека лицето е лоцирано, се комплетира документација, се преведуваат на јазикот каде е избегано лицето (турски), па се доставуваат. Документацијата ја доставува министерот.

Потребни се и следниве документи: (1) Барањето за екстрадиција ги содржи податоците од членот 16 на овој закон, а кон барањето се приложуваат: 1) податоци за утврдување на идентитетот на лицето чијашто екстрадиција се бара (опис, фотографија, отпечатоци од прсти и слично); 2) уверение или други податоци за државјанство; 3) обвинение, пресуда или одлука за притвор или на некој друг акт со исто правно дејствие, во оригинал или заверен препис во кој треба да биде назначено името и презимето на лицето чијашто екстрадиција се бара; 4) опис на делото, законскиот назив на кривичното дело и докази за основано сомневање и 5) препис од одредбите на Кривичниот законик на Република Македонија кој треба да се примени или е применет спрема лицето чијашто екстрадиција се бара, а ако делото е сторено на територијата на трета држава, тогаш е потребен и препис од одредби на Кривичниот законик на таа држава. (2) Барањето за екстрадиција Министерството го доставува до надлежниот домашен правосуден орган, со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

Инаку, Палчо е уапсен денеска во Турција.

Извор : Скопје1.МК