ГАЛЕРИЈА: Литар вода евро, килограм банани – четири евра за мигрантите во Гевгелија

0
1183

На железничката станица во Гевгелија, стотици мигранти чекаат да ги предадат документите во полициската станица, за да добијат потврда со која им се овозможува 72 часовен престој во Македонија, пишува Мета.

11653402_1487482641566842_16779753_n1-540x408

Речиси сите сенки под дрвјата се исполнети со бегалци.

11880726_1487482408233532_2147003630_n1-540x408

Дел од нив полицијата се обидува да ги групира во редови, за да може побрзо и поефективно да добијат потврди.

11903376_1487482544900185_1505703720_n1-540x408

Еден полициски службеник за „Мета“ изјави дека честопати се прави метеж и тие што се напред се случува да бидат потиснати, но сепак се обидуваат да воведат ред.

11909809_1487482658233507_738430471_n1-540x408

На железничката станица можат да се забележат импровизирани тезги на кои се продаваат грицки, вода и овошје.

11910938_1487482608233512_713353448_n1-540x408

Шише обична вода чини едно евро.

Килограм банани се продава од две до четири евра.

11922937_1487482514900188_1490678246_n1-540x408

Околу автобуската станица во Гевгелија, пак, исто така има мигранти, а може да се забележат и такси возила и таксисти кои се пазарат со нив. Една гевгеличанка се пожали дека ја одбиле да ја возат велејќи и дека од миграните ќе заработат повеќе.