ЛОГА ДО МИЦКОСКИ : „ДОТЕРАН СИ ДО SИД И ЗБОРУВАШ НА ПРАЗНО!“

0
651

Невистината не му прави чест на господинот Мицкоски, немањето политичка аргументација, немањето соодветна визија за политички лидер го тера да зборува на празно – вака министерот за правда Кренар Лога реагира кон изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во интервју за „Фокус“ го обвини Лога дека e во комуникација со нарко-кланови, на кои им ветувал дека со Законот за амнестија ќе им ги скрати затворските казни.

-Уште од моето доаѓање како министер за правда, вратите за соработка со ВМРО и Мицкоски беа отворени. Тоа се докажува со факти, со тоа што ВМРО ги имаше и ги има нацрт-верзиите на сите закони пред да бидат доставени и до Влада.Со овој факт Мицкоски е дотеран до ѕид, и изгледа лошо пред јавноста, бидејќи цело време е на мат позиција, како за Законот за амнестија така и за другите Закони.

Лидер кој ја блокира перспективата на својот народ и својата земја, лидер без политичка надеж, без меѓународни пријатели, лидер кој не се оградил од политичкото наследство на Никола Груевски, не е алтернатива за иднината на европска Македонија – вели Лога во изјава за „Фокус“.
Инаку, Мицкоски во интервјуто истакна дека не биле информирани за Законот за амнестија, додавајќи дека одамна немаат никаква официјална комуникација со ниедна владина институција, вклучително и Министерството за правда.

Можеби во занес, министерот (Кренар Лога) мисли дека ако ги информира осудените лица предмет на овој закон, па им ветува таму…

До нас стигнуваат такви информации, тоа треба и вие како новинари да го проверите, дека е во континуирана комуникација со нарко-кланови во затвор, па им ветува дека со законот ќе им се скрати затворската казна, па мисли дека го информирал и ВМРО-ДПМНЕ. Се изгубил во просторот, но тоа е негов проблем.Нашиот став е принципиелен – овој закон нема да го поддржиме од причини што се однесува на лица осудени за кривични дела како насилство, перење пари, дилање дрога итн. Тоа се големи кривични престапи – рече Мицкоски.