Ловецот на мигранти, Динко му порача на скопското педерче Миленко: За една недела те апсам!

0
2815

Ловецот на мигранти од Бугарија, Динко Валев, на македонските власти им постави ултиматум, пишуваат бугарските медиуми.

„Им давам на Македонија и на властите точно една недела да го уапсат нивниот државјанин Миленко Неделковски за вандалскиот чин кој го изврши! Премногу внимание веќе му обративме и тој се сили уште повеќе. Секој ден пушта нови провокаторски видеа за Бугарија“, рекол Динко, пренесува Фактор.

Конфликтот меѓу Миленко Неделковски и бугарскиот ловец на мигранти Динко избувна откако Миленко со чекан ја скрши спомен плочата на загинатите бугарски воини на врв Кајмакчалан.

За овој чин македонските власти не презедоа никакви мерки, со аргумент дека споменикот е нелегално поставен.

– Ако не биде уапсен за хулиганскиот настан, јас ќе го направам тоа за смеа. Во лице ќе му кажам дека е жена. Ќе го снимам сето тоа и ќе го ширам. Ако не е жена, да ми докаже. Ако посегне да ме тепа, тоа ќе е неговата најголема грешка во животот. Овој човек Миленко подгрева омраза меѓу две соседни земји. Тој е штетен за општеството, а јас сум опериран од страв во такви ситуации. Ако ме пикнат во притвор – ќе лежам за Бугарија! И ќе вреди! А Бугарија нема да ме остави, во тоа сум сигурен – категоричен е Динко.

Валев веќе ја порачал плочата и ќе плати за неа од свој џеб.