ЛИДЕРОТ НА ПАРТИЈАТА НА ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНСКИ УДБАШИ, ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ЈА НАПУШТИ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА СО СДСМ, ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ЌЕ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА СО ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА

0
546

Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција, истакна претседателот на партијата Павле Трајанов по состанокот на Централното собрание во партиското седиште на партијата.

– Демократски сојуз нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство – истакна Трајанов.

Ова следува откако Алијанса за Албанците стана дел од власта, а од парламентарното мнозинство излезе Алтернатива.

Демократскиот сојуз и понатаму ќе иницира и поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси, со започнатиот скрининг процес, како и со законите кои се во интерес на граѓаните и на државата.

Инаку, Демократскиот сојуз е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ.

Демократскиот сојуз како и досега ќе ги штити стратешките и националните интереси на Македонија и нејзините граѓани.