ЛЕ ПЕН ОСВОИ НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО ПРВИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ, МАКРОН НА ТРЕТОТО МЕСТО

0
98

Во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, според излезните анкети, екстремно десничарскиот национален собир на Ле Пен освои 34,2 отсто од гласовите, екстремно левиот нов народен фронт 29,1, а сојузот на претседателот Макрон е трет со 21,5 отсто.

Французите избираат 577 пратеници, по еден во сите 577 изборни единици, според мнозински модел.

Во денешниот прв круг мандати ќе освојат само тие кандидати што ќе имаат над 50 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласачкото место, доколку излезноста на тоа избирачко место било најмалку 25 отсто.Во вториот круг од гласањето, кој е закажан за 7 јули, влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.