ЛЕНЧЕ РИСТОСКА НЕ ДОБИ ИЗВИНУВАЊЕ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ПРИ УНАПРЕДУВАЊЕ, ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ЈА ТУЖИ АНТИДИСКРИМИНАЦИСКАТА КОМИСИЈА

0
239

Членот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, кому Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача јавно да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска зашто ја дискриминирал и ја ставил во понеповолен статус од останатите обвинители, нема намера да го стори тоа, пренесе СДК.

Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)за СДК изјавиле дека во рокот од 30 дена кој истече, не стигнало известување од Јолевски дека постапил по препораката.

Според законот за заштита и спречување од дискриминација, непостапување по препораките на Комисијата, повлекува последица пријава пред надлежен суд против тој што не постапил, и парична казна.