Керим ќе се посере од радост: Владината номинација за генерален секретар на ОН била признание за неговата досегашна работа – ФЛАШИРАЊЕ!

0
1074

srgjan-kerim

Одлуката на Владата на Република Македонија да ме номинира за позицијата Генерален секретар на ООН претставува за мене лично голема чест и признание за мојата досегашна дипломатска работа и активности на меѓународен план, вели во денешната писмена изјава Срѓан Керим, поранешен шеф на македонската дипломатија и 62-ри претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации.

Ќе вложам, додава тој, максимални напори на достоинствен начин, со убедлива аргументација да ја добијам поддршката на земјите членки на Обединетите Нации.

– Досегашниот процес на консултации претставува солидна основа да се движиме успешно кон посакуваната цел. Познавајќи го начинот на функционирање на Обединетите Нации и системот на донесување одлуки очекувам исклучително напорни и сложени консултации, со докрај неизвесен исход, вели тој.

Убеден сум, потенцира  Керим во изјавата, дека нема да ја изневерам довербата искажана од страна на Владата на Република Македонија, како и очекувањата на целокупната македонска јавност.

Владината прес-служба вчера соопшти дека Владата на Република Македонија одлучи да го номинира Срѓан Керим за функцијата генерален секретар на ООН.

Источноевропската група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година зазeде заеднички став дека следниот генерален  секретар  на Светската организација, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.

Како резултат на дипломатски консултации и  високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оценила дека Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата генерален секретар на ООН.