КУЗЕСКА : ПЕНДАРОВСКИ ГО ВРАТИ ДОСТОИНСТВОТО НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ

0
304

Раководството на СДСМ даде поддршка за втор мандат на Стево Пендаровски, таа поддршка треба да се потврди и преку Централниот и Извршниот одбор и на крај да се официјализира на трети март, на Конгрес, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кузеска потсети дека и на претходните претседателски избори, Пендаровски доби поддршка од над 30 политички партии и различни етнички заедници и изрази надеж дека тоа ќе се случи и овој пат.

„Поддршката за Пендаровски стои и сега од различни етнички заедници, тој има поддршка од различни луѓе кои знаат да ја вреднуваат работата и трудот на еден човек кој се вложил во мандатот што го имал претходно. Еден од неговите главни адути е тоа што сите граѓани од сите етнички заедници препознаа дека тој работи за сите граѓани, дека не ги дели по ниту еден основ, па ниту по партиски основ.

Стево Пендаровски го врати достоинството на функцијата претседател на државата и мислам дека на овие избори повторно на дело ќе ја видиме поддршката од граѓаните кон него“ посочи Кузеска.