КУЗЕСКА : ВРЕДНОСТИТЕ НА КОАЛИЦИЈА МЕЃУ ЛЕВИЦА И ДПМНЕ СЕ ПРОТИВ НАТО И ПРОТИВ ЕУ

0
281

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

На повидок е антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица.

Во едно интервју Мицкоски јавно кажа дека е за коалиција со Левица додека за вредностите би седнал на маса да преговара.

Во друго интервју пак неговиот партнер Апасиев вели дека се подготвени за преговори со ДПМНЕ и дека сите опции им се отворени.

Левица е проруска, анти-НАТО и анти ЕУ партија која се поклонува на диктатори како Енвер Хоџа.

Радикална десница, вљубена во режим исто како и ДПМНЕ.

Тоа се антиевропските вредности на коалицијата ДПМНЕ и Левица, на Мицкоски и Апасиев.

Одамна е се јасно, сега само се потврдува. На претстојните парламентарни избори ќе имаме два политичка блока.

Првиот проевропски блок, предводен од СДСМ кој се бори за европска иднина, поголеми плати и пензии, подобар животен стандард и европски вредности.

И еден антиевропски блок од ДПМНЕ и Левица кој е за изолација и кој значи економско уназадување, стагнација и оддалечување од европската унија и демократскиот свет.

Граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите и неизвесност.

Граѓаните сакаат членство во ЕУ, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.

Затоа антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ги чека пораз од граѓаните на изборите наредната 2024 година.