Шилегов: Јас сум администратор на Скопје, а Бугарите беа окупатори

0
1465

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во интервју за Канал 5 ги повтори неговите ставови дека соработката со Бугарија може да се развива само со прифаќање на историските факти такви какви што се. Како аргумент за тоа, истакна дека тој денес може да се смета како администратор на Скопје бидејќи народ го изгласа на избори, а не дошол со тенкови како Бугарите во Втората светска војна за да го окупира главниот град. Дополнително ги наведе неговите досегашни завршени проекти и реконструкции со цел да се подобри животот на граѓаните. Сето тоа ќе го презентира и во СДСМ бидејќи има намера да бара поддршка за втор мандат како градоначалник.