КРСТЕВ : БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И ДПМНЕ ГО УНАЗАДИЈА ПРИЛЕП КАКО НИКОЈ ДОСЕГА

0
322

Пресконференција на Мики Крстев – Секретар на ОО на СДСМ Прилеп.

Почитувани,

Не постои граѓанин на општина Прилеп кој без разлика на политичката идеологија и партиската припадност, не го констатирал она што е јасно како ден: дека за само две години, ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески го уназадија градот и населените места како никој досега!

Уште во изборната кампања за последните локални избори, СДСМ предупредуваше дека Јовчески нема капацитет да ја води Општина Прилеп. Дека неговата изборна програма е обичен памфлет, листа на желби кои ниту тој, ниту партијата која го кандидираше, ДПМНЕ, не можат да ја реализираат.

Дека препуштањето на локалната самоуправа во рацете на човек кој нема елементарни познавања за функционирањето на институцијата, ќе им се врати како бумеранг на граѓаните на Прилеп.

Денес, две години после неговиот избор за “татко“ градот, фактите кажуваат дека сме биле во право. Прилеп е затрупан во ѓубре и потонат во мрак. Улиците како швајцарско сирење, урбанистичкиот хаос видлив на секој чекор. Цените на комуналните услуги драстично покачени, данокот на имот зголемен и до 5 пати, а јавните претпријатија преживуваат од ден за ден.

Заради неспособноста на Борче Јовчески и ДПМНЕ, за 252 дечиња вратите на новата градинка и натаму се затворени. Нема бесплатен оброк за учениците до четврто одделение, ниту училишни униформи за децата од социјално загрозените семејства. Наместо во нови проекти за развој на градот и населените места, 50 милиони евра буџетски средства се фрлени во ветер, од кои 700.000 евра за привремени вработувања на партиски војници на ДПМНЕ.

Спортот е уништен, очекувањата на граѓаните изневерени. Кажано со еден збор, резултатите од двегодишното владеење на Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се – НУЛА!

Затоа, господа од ДПМНЕ, немојте да се чудите што како кула од карти ви се распадна обидот за масовна мобилизација на партиските членови, со цел во што поголем број да го пречека вашиот партиски лидер.

Тоа што во саботата во Прилеп Христијан Мицкоски доживеа фијаско, што немаше со кого кафе да пие, е последица на незадоволството на вашето членство произлезено од неспособноста, како локална власт, да ги решавате проблемите на граѓаните на општина Прилеп!

Почитувани локални челници на ДПМНЕ и на Општина Прилеп – не ве бива!

Ви благодарам.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп