Објавени имињата на загинатите во авионската несреќа кај Кожле: Двајца косовари и четири италијанци настрадаа

0
1459

Дел од албанските и косовските портали ги објавија имињата на загинатите во авионската несреќа која се случи попладнево во велешко, пренесе Курир.

Покрај браќата Бегај од Косово, како што пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на извори од Италија, во несреќата настрадале и пилотот Франческо Монтагниери, потоа Дарио Бастасин, Лука Дале, како и италијанска државјанка со име Иларија.