КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СТРАНА НА МВР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ, ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПОРАДИ ,,ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ”

0
1109

На 07.08.2023 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.П.(63) од Кочани, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, со искористување на својата службена положба, ги пречекорил границите на своето службено овластување, така што на 06.12.2021 година за првпат го именувал С.З. за вршител на должноста директор на СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани и продолжил да го именува по трети и четврти пат, иако бил должен да знае дека лицето кое го именувал не го положил испитот за директор во законски утврдениот рок од една година и не ги исполнува условите за вршење на должноста.

Со наведеното дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 93-в од Законот за средно образование и му овозможил на лицето да се стекне со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од околу 63.552 денари.