КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА НА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК

0
626

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.П.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на границите на своето службено овластување и постапил спротивно на  Законот за јавни набавки. Во 2011, 2012, и 2013 година донел три Решенија за Јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа во вкупен износ од 802.400,00 денари, но и покрај тоа набавил и платил стоки и услуги во износ од 184.192 денари повеќе од предвидените парични средства од Буџетот и надвор од донесеното Решение за јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа.