„КРЕАТИВНИОТ ДЕМОН НА ГЛУПОСТА“ – НОВА ЗБИРКА НА КОЛУМНИ НА ПРОФ. МИРОСЛАВ ГРЧЕВ

0
381

Од печат излезе новата, четврта книга на редовниот колумнист на „Слободен печат“ проф. д-р Мирослав Грчев под наслов „Креативниот демон на глупоста“. Станува збор за колумни кои Грчев ги објави на страниците на „Слободен печат“ во периодот 2019-2020 година.

-Во поднасловот на книгата стои „текстови за удолниот релјеф на времето од 2019 – 2021“ и тоа се мали есеи, колумни кои ги пишувам еднаш неделно и ова е десетта година во континуитет од првиот број на „Слободен печат“. Досега излегоа 3 книги со овие колумни и тоа се избори практично и ги опфаќаат „Името на злото“ (2014), „Фашизам во куси панталони“ (2017),„Пирови победи на патот за Европа“ излезе во 2020. Факт е дека и самите наслови коишпто се извлечени од тие агрегации на мои реакции, ламенти или врескања на одредени настани не се одраз на некој голем оптимизам и воодушевување од времето во кое живееме, повеќе се критички, вели проф. Грчев.

-И во насловите на колумните има извесна критичност и горчина, дали поради тоа што ова време се погоди така или затоа што моето лично доживување на времето и настаните коишто се случуваат се тркалаат и по оваа наша балканска релјефна збрчканост но гледам и по европската и пошироката, глобална плоча, интерконтинентална, нагласува колумнистот.

Грчев во интервјуто за емисијата „Слободен печат“ се осврна на значењето на книгата и на печатените медиуми кои полека згаснуваат на сметка на технолошкиот напредок на електронските уреди.

-Цивилизацискиот отклон од книгата и исто како и од печатените медиуми го сметам за општочовечко проклетство, грешка којашто скапо се плаќа веќе во моментот. Длабочината којашто ја обезбедува медиумот на книгата, ја мислам дека е невозможно да се надомести со ништо друго, нагласува Грчев.Книгата утре ќе биде промовирана од страна на издавачот Темплум по што ќе се најде во продажба во нивните книжарници и кај нивните партнери.Целото интервју со проф. д-р Мирослав Грчев погледнете го продолжение: