Ко то тамо снима?! Груевски или “мистериозна камера” ?!

0
1250

Барањето на претседателот на СДСМ Зоран Заев за техничка влада и останатите барања на опозицијта од страна на Заев се сосема легитимни, но исто така и најавата за објава на коруптивни информации во кои е вмешана самата централна власт и премиерот Никола Груевски не е никакво кршење на устав и закон, самата опозиција тврди дека тие докази ќе ги предаде на надлежните органи кога ќе дојде време а јавноста ќе ги дознае деталите.

А да, бидејќи одредени медиуми тврдат дека снимката е “измукната” од кабинетот на премиерот без негово знаење, ако неговиот кабинет не е сигурен тогаш како ќе знаеме дека обичните граѓани се сигурни?

Друга работа, како може видео од кабинетот на премиерот да има снимка а потоа да исчезне и токму денес? Што правела таа снимка до сега? Каде била? Како тоа туку така излегла на ЈутЈуб и веднаш се појавила на Сител? Некој тука очигледно го прави народот луд, иако мислам дека на јавноста и е веќе јасно 😀

Моментот кога Заев соопштува дека има коруптивен материјал за вмешаност на премиерот Никола Груевски во криминал и корупција и дека ќе го објави не е никаква уцена или закана туку обид за политички дил кој го има секаде во светот…Но очигледно е дека е сосема друга работата тука, емитувањето на снимката на Сител и оркестрирано на Канал 5 и други медиуми само ја открива самата шема на владата поврзана со видеото “мистериозно исчезнато” од кабинетот на премиерот. Објавуањето е неовластено а за тоа се одговара и се гони кривично.

Ете, веќе сега се е јасно, власта работи на “демонтирање” на бомбата а се провираат и тези дека владата го ослободува Вранишковски за да ја заташка објавата на бомбите од лидерот на СДСМ Зоран Заев и со тоа да го намали нивниот импакт во јавното мнение.

Па му текнува ли на Груевски дека близу Заев и во СДСМ има луѓе кои што работеле во ДБК (некои и раководеле со некоја од тие управи) и на кои што им е совршено јасно што може да се случува на такви средби? Дека ќе се знае дека Заев ќе биде сниман?

И на крајот бе премиере…. Со оваа снимка што тајно и “анонимно некој” ја испрати во Сител,Канал 5 и останати камбоџански ТВ куќи, само го потврдуваш она што претседателот на СДСМ Зоран Заев цело време го тврди. Со ова потврдуваш и дека го снимаш и го прислушкуваш секој оној што ќе влезе во твојот кабинет вклучително и СТРАНСКИ АМБАСАДОРИ И СТРАНСКИ ДРЖАВНИЦИ!!!

И што има лошо во тоа што Заев добил криминални документи и видео записи во кои главна улога се Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ и што има лошо во тоа што сака да ги објави пред јавноста?

Па нели оваа влада се бори против криминал и корупција?!

Рубин Иваноски