УБИЕЦОТ СО БЕБЕШКО ЛИЦЕ СЕ ВРАЌА НА ОЛД ТРАФОРД, ОЛЕ ГУНАР СОЛСКЈАЕР ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

0
1272

Манчестер јунајтед го именуваше својот поранешен играч Оле Гунар Солскјаер за привремен тренер, само ден откако Жозе Мурињо доби отказ. Тој треба да ја извршува функцијата до крајот на сезоната и ја презема екипата во моментите кога се наоѓа на шестото место на табелата.

Солскјаер помина 11 сезони на „Олд Трафорд“ и влезе во аналите на клубот со победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година.

„Манчестер јунајтед ми е во срцето и неверојатно е што се враќам овдека во нова улога. Едвај чекам да почнам со работа со овој талентиран тим што го имаме“, изјави 45-годишниот Норвежанец.

Солскјаер доаѓа во Манчестер од клупата на норвешкиот клуб Молде, со кого овој месец потпиша нов договор и таму ќе се врати во мај. На него во работата ќе му помага Мајк Фелан, а во стручниот штаб остануваат Мајкл Керик и Киран Меккена. Првиот тест за Солшер ќе биде саботниот натпревар со Кардиф.

Јунајтед најави дека долгорочно тренерско решение ќе избере на крајот на сезоната.