КОСТАДИНОВ : НИЗ СТРУМИЦА ЗАПОЧНАА ДА ВОЗАТ СТРУМИЧКИТЕ КАВАЛЕРИ

0
385

Со среќа нека ни се струмичките кавалери!

Го исполнив дадениот збор и од денеска оваа нова бесплатна услуга за граѓаните ја ставивме во пробна функција.

Две електрични возила започнаа да возат низ паркот, плоштадот и пешачките зони, а можат да ги користат сите граѓани, а секако предност имаат повозрасните и лицата со попреченост.

Возењето е бесплатно и еколошко, воведено по примерот на Љубљана и прво во државата.

Мои сограѓани, користете го овој бенефит и уживајте во нашата убава Струмица.

Од срце за Струмица и ќе ја правиме уште поубаво место за живеење ❤️
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.