КОСТАДИНОВ : МЕЃУ НАШИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ШВАЈЦАРИЈА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ,,МАКЕДОНСКИОТ ДЕН”, КОЈ Е ДЕЛО НА МАКЕДОНСКОТО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО ,,МАКЕДОНИЈА”

0
92
Нема поубаво чувство за Македонец кога и во туѓина е свој меѓу своите.
А токму гордо и почестено се чувствувам деновиве меѓу нашите иселеници во Швајцарија на одбележувањето на „Македонскиот ден“, кој е дело на Македонското добротворно друштво „Македонија“.

Со мојата заменичка Елена Магеровска Паликарова уживавме во богатата програма на нашинците, кои иако далеку од своите родни огништа, остануваат верни на своите идентитетски корени негувајќи го богатото македонско фолклорно творештво.
Му благодарам за прекрасниот прием и поддршката на градоначалникот на Ешалан, господинот Серж Борник.
Особено ме радува што претседателот на друштвото, но и најголемиот број негови членови потекнуваат од струмичкиот регион, па сите заедно претставуваат одличен пример за сите останати македонски друштва ширум Швајцарија.
Пренесувајќи им ги поздравите од сите граѓани на нашата Струмица, им посакувам да се сите живи, здрави и среќни, и да останат верни на белезите на својот македонски генетски код.
Фејсбук статус на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов.