Работна посета на МНР Никола Димитров на Република Србија

0
645

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, утре (среда, 10 јуни 2020 год.) ќе оствари работна посета на Република Србија.

Ова претставува прва работна посета на МНР Димитров во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји.

На средбата, предвидено е министрите да разменат мислења за актуелната состојба во севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во сите области од заеднички интерес, со акцент на продлабочување на економската соработка. Воедно, ќе бидат разменети мислења и искуства во врска со справувањето на двете земји со актуелната пандемија, како и нивните претстојни чекори за релаксирање на рестриктивните мерки во меѓусебниот режим на движење, во рамки на севкупните слични тенденции во регионот и Европа.

Подеднакво значајни теми на разговор ќе бидат и регионалната соработка, како фактор на стабилноста и просперитетот на нашиот регион, како и ЕУ агендата во пресрет на значајните чекори кои и’ претстојат како на Северна Македонија, така и на Србија и целиот регион.