КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА : ПОЛИТИКИТЕ НА СДСМ ГИ УНАПРЕДУВААТ ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ, ОСТАНУВАМЕ АКТИВНИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РОДОВОТО НАСИЛСТВО

0
232
Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со членките и активистки на Форумот на жени на СДСМ во Битола, низ Широк сокак и Градскиот пазар поделија летоци со пораки и СОС телефонски линии во рамки на Кампањата 16 дена активизам против родовото насилство.
„СДСМ со свои активности и оваа година придонесува во подигнување на свеста за насилството врз жените и одговорноста на секој поединец во борбата против кршењето на основните човекови права и слободи“, рече потпретседателка на СДСМ, Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека не само во овие 16 денови, туку 365 дена во годината СДСМ останува фокусиран на заштитата на правата на жените и девојчињата и елиминацијата на секаков облик на дискриминаторско однесување.
Во таа насока Костадиновска-Стојчевска додаде дека политиките на Владата предводена од СДСМ во континуитет се насочени кон родова еднаквост, еднакви можности, унапредување на правата на жените, подобрување на животниот стандард и нулта толеранција за дискриминација.
„Го подобруваме животниот стандард на граѓаните, а со тоа особено на жените имајќи предвид дека половина од работоспособното население се жени и тие доминираат меѓу примателите на минималната плата. Посебни мерки и политики се креирани за започнување на сопствен бизнис од страна на жените, како и неповратна помош за жени земјоделки. Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток за децата им се исплаќа на мајките. Отворивме и поддржавме 16 нови сервиси за жртви на родово базирано насилство, рамномерно распоредени во сите плански региони во државата“, посочи Костадиновска-Стојчевска.
Кампањата 16 дена активизам против родовото насилство, која Форумот на жени на СДСМ ја спроведува под слоганот: „Сакам СЛОБОДНО да се движам“.