КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА : НЕСООДВЕТНИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ, НЕ Е ПРЕДВИДЕНА УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

0
129
Во овие измени никаде Управата за заштита на културно наследство не е предвидена, како орган во состав на министерство. Што значи тука застанува вашата грижа за културното наследство, рече пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска синоќа во македонското Собрание.
-Предлагате некакви измени на само 35 страни а ја занемарувате вистинскста стратегија и функционална анализа како треба да изгледа Министерството за култура, финансирана од ЕУ. Се што требаше да направите е да не измислувате ништо. Требаше да го погледнете само органограмот, 4 директорати, управа за заштита на културно наследство, творештво, европски интеграции, креативни индустрии и општи работи. Тоа е се што му треба на Министерството за култура. Она што го кажале вработените и сите коишто од осамостојувањето до денеска. Тоа не се прави преку ноќ.
А Министерството за култура е едно од најважните министерства.
За тоа да се нрпави нема потреба од ова што го предлагате во Член 18. Значи немате намера да ги намалувате функционерските места туку напротив имате намера да ги зголемувате, вклучително и во Министерството за култура. Вака како што се предлага е несоодветно, нешто сака да се избрише и затоа ќе гласам против оваа измена. Не се прави пофункционално Министерството туку не враќате назад за да видиме повторно некое Скопје 2014,рече Стојчевска.